Виена: Засилени мерки на безбедност поради можни терористички напади


Полицијата во Виена соопшти дека ги засилила мерките за безбедност бидејќи неколку европски престолнини се предупредени за можни напади со експлозиви и оружје во период меѓу Божиќ и Нова Година. Сепак, откажување на најавените настани, според проценка на полицијата не е потребно.najgolemiot-bordel-vo-evropa-se-gradi-vo-viena-107836

Виенските власти, биле предупредени на можни напади неколку дена во очи Божиќ.Предупредувањето стигнало од неидентификувана пријателска разузнавачка служба.

Според нивните зборови, пратен им е список на кој се наведени неколку имиња на потенцијални напаѓачи. Но, испитувањето на таа листа и други истраги досега не довеле до нови конкретни резултати.

Полицијата соопшти дека ќе биде засилен надзорото на местата на кои се очекува собирање на луѓе.

Златко Дукоски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1