Семејство од Нови Сад сакале да го видат покојникот пред погребот – кога го отвориле ковчегот се шокирале. Во ковчегот не бил нивниот близок туку тотален странец кој не го познаваат.
Откако се открила грешката на Институтот за судска медицина во Нови Сад се вклучила и полицијта за да се најде заменетиот покојник. Била организирана вистинска потера за да се најде другиот покојник. Па полицијата откако утврдиле кој е другиот покојник морала да ја сопре погребната поворка на семејството во Ченеј, село на 20 киломтери од Нови Сад. Полиција морала да им ја соопшти веста од Нови Сад, дека дошло до замена на починатите и дека погребот мора да биде сопрен и откажан додека не се утврди идентитот на покојникот.
Грешката ја направиле во Институтот за судска медицина, каде на покојниците им била извршена обдукција, а потоа секој од нив е ставен во ковчег. Персоналот ги заменил ковчезите кои биле затворени кога семејствата ги потпишале дозволите за погреб без да ги идентификуваат телата.
Директорот на Клиничкиот центар на Војводина проф. д-р Драган Драшковиќ изјавил дека тоа е прв ваков случај, и дека ќе се утврди идентитетот на оние кои се одговорни за таа замена. Двајца вработени биле суспендирани и против нив се води дисциплинска постапка.