Наезда на мушички на Балканот – И во Скопје облаци од мушички вчера (Видео)


Во Сараево вчера во вечерните часови дошло до наезда на мушички. Цели роеви мушички се забележани и во други градови на БиХ.

336946_oblaci-musica-kraljevo2-n-bozovic_ffИнвазијата на облаци мушички се случила и во српскиот град Краљево во понеделникот. Мушичките го прекриле целиот град и предизвикале паника кај граѓаните.

Наездата на мушички, како што се претпоставува, е предизвикана од наглото зголемување на температурите за овој период од годината.

Наезда од мушички синоќа имаше и во Скопје, особено во парковите и покрај реката Вардар. Најбројни беа во населбите во општина Аеродром и во централното градско подрачје.

Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички, a предаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1