Викендот маглата ќе се крене, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека утре наутро ќе дува умерен до повремено засилен ветер кој ќе донесе намалување на обалчноста и спуштање на дневните температури во текот на денот.
Од недела и во понеделник повторно ќе има услови за магла по котлините, но ќе опадне и температурата, и, кое ќе се почувствува во особено во северните делови од земјата.
Дневната максимална температура најмногу ќе се спушти за неколку степени на југоистокот на земјата и ќе достигне до 24 степени утре, 22 в недела, а потоа повторно благо ќе се покачуваат до средината на наредната недела.
Намалувањето на утринските температури најмногу ќе се почувствува во недела и во понеделник во беровскиот регион каде што температурите ќе се спуштат до три, а во вторник и до два степена.
Денеска магла по котлините има во Штипско, Демиркаписко, Гевгелиско и во скопската котлина, а умерен западен ветер има во западните делови од земјата и на повисоките места.
Во текот на денот ќе се задржи променливо облачно со почести сончеви периоди на југот од земјата. Ќе дува слаб, а на запад и на повисоките места до умерен претежно западен ветер. Во северните делови ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а по котлините во претпладневните часови ќе се задржи магла. Температурата ќе се движи од 20 до 25 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде променливо облачно со утринска магла, а попладне со сончеви периоди и маглата ќе се повлече. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Температурата ќе достигне до 22 степени.
И утрово мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот регистрираа високи концентрации на ПМ10 во Скопје и Тетово.