Викенд временска прогноза- во недела до +15


Во деновите од викендот ќе има значителен пораст на температурите, што ќе услови снежната покривка да се топи.

temperatura vreme

Сабота во североисточните делови, вклучувајќи го и Скопското подрачје, ќе има услови за појава на слаб дожд, но сепак во најголем дел од земјава ќе се задржи суво со умерена до значителна облачност. Во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло со дневна температура меѓу 7 и 15 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на нов влажен бран, кој ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а овие врнежи во понеделник на повеќето места ќе преминуваат во врнежи од снег, проследени со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата.

Се очекува формирање на нова снежна покривка, особено на планините во западните делови.
Од вторник повторно следува стабилизација на времето.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1