На семафорите кај „Мајчин Дом“, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“, утре и задутре од 8:30 часот екипите на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе вршат машински и градежни работи.
Во сабота ќе се демонтираат старите семафорски портални столбови, а во недела екипите ќе ги монтираат новите портални семафорски столбови.
Градските власти апелираат, поради безбедност во сообраќајот, возачите да внимаваат и да се придржуваат на воспоставениот режим на сообраќај