Ректоратот на УКИМ си купи Мерцедес за 64.000 евра – било потреба не луксуз


Ректоратот на универзитет Кирил и Методиј се поднови со автомобил за 64 000 евра. Барем во следните пет години, Ректорот но и четирите Про- ректори и Генералниот секретар ќе се возат во нов Мерцедес од Е-класата, пренесува Алфа телевизија.

Mercedes-Benz-E-ClassДоговорот за оперативен лизинг е објавен денеска на бирото за јавно набавки, а бил склучен неколку дена пред Нова година. Според првиот човек на скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, не се работи за луксуз туку за потреба.
(како за споредба за 30.000 евра може да си купат Пасат, а останатите 34.000 евра да ги искористат за друго, на пример да ги вложат во студентите и подобрување на студентскиот стандард.)

– „ Новото возило е иста марка и модел, мерцедес е класа како и претходното кое е старо 13 години. Тоа возило постојано има технички проблеми веќе две години и потребен е голем ремонт кој финансиски не е исплатлив. Набавката на вакво возило беше влезено во планот за јавни набавки уште во 2011-тата, па се префрли во 2012-тата. Потреба имаше подолго време, но сега се создадоа услови“- изјави меѓу другото ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски

Според Стојковски, набавката не оди на штета на државниот буџет. Новиот автомобил ќе го платат од сопствени, односно средства кои ректоратот ги добива од разни услуги.

Според информации на АЛФА, и другите ректорати на државните универзитети не заостануваат многу зад скопскиот. Сите го имаат подновено возниот парк во последниве две- три години.

Факултети

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1