МВР информира дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре во периодот од 6 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров. Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од улица Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел).
Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по улица Боца Иванова во правец од кружниот тек на улица Александар Урдаревски кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по улица Боца Иванова, лево, по улица Александар Урдаревски кон клучка „Мирковци“ (обиколница).
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.