Викендов ќе се потпише договорот со Грција


Викендов ќе се потпише договорот со Грција, но сè уште нема информации каде ќе се сретнат двајцата премиери. „Република Северна Македонија е новото решение за името“, соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Ќе се користи ерга омнес, со уставни измени. Јазикот останува македонски, без фуснота, националност – Македонец – граѓанин на Република Северна Македонија.

„Имаме историско вековно решение. Со ова решение го јакнеме идентитетот. Нема веќе ФИРОМ. Нема веќе ФИРОМ. Со овој договор ќе биде зајакнат македонскиот идентитет. Добиваме гаранција за безбедност. Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во уставот. Јазикот-македонски без фуснота. Националност-македонска / граѓани на Северна Македонија (Macedonian/Citizens of North Macedonia)“, изјави Заев.

Договорот се очекува да биде потпишан викендов, а ќе се ратификува од страна на двете држави. Наесен ќе има референдум, најави премиерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1