Викендов нема да се вози по булеварот „Гологанов“ во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во сабота и недела (05 и 06.07.2014 година) на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ , на потегот од крстосницата со булевар „8-ми Септември“ до крстосницата со улица „Московска“, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставен режим.

Mitropolit-Teodosij-GologanovВремениот режим е поставен поради изведба на градежни активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, во период од 07.00 – 17.00 часот, во посочените денови.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1