Викендов пороен дожд, грмежи, засилен ветер


За време на викендот под влијание на циклонска активност од Медитеранот во земјава ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд

dozd_1_7Утре попладне, во ноќните часови, како и в недела во текот на денот врнежите на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен. Ќе има и појава на нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град.

Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови кога наместа тие ќе бидат и поројни проследени со грмежи и засилен ветер

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 16 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ќе има врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Слично време ќе се задржи и во недела особено претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе биде малку посвежо. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 12 до 18 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1