Викендов температурата ќе се спушти под нула


6144865-lurking-sun-in-winter-clothes--vector-illustration

До сабота времето ќе биде стабилно и суво, во текот на ноќта ведро и студено, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во петок и сабота на некои места температурата ќе се спушти под нулата, при што ќе има појава на приземен мраз.

УХМР предупредува дека очекуваните минимални температури можат да предизвикаат сериозни штети кај тутунот во Пелагонија и на повисоките висорамнини, Полог, Преспа, Малеш и Пијанец, а оштетувања се можни и кај градинарските култури, особено зелените пиперки и домати на отворено.

Се предупредуваат земјоделците да извршат забрзана берба или да применат некои од мерките за заштита од мразеви.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1