Новиот влажен бран кој го зафати нашето подрачје ги помести долгорочните прогнози за снег на пониските места. Според последните анализи, наместо на крајот од годината, снегот во градовите можно е да дојде уште на крајот од наредниот месец.
Сепак, тоа се долгорочни прогнози кои не нудат некоја посебна прецизност.
Затоа, на краток рок извесно е дека следи значително намалување на температурите, а утринските почнувајќи од викендот ќе почнат да се спуштаат и под нулата.
Најстудено утро се очекува да има на почетокот на наредната недела кога температурите ќе се спуштат и до 5 степени под нулата. Во текот на викендот, за прв пат утринските ќе бидат 2 степени под нула, а разведрувањето кое се очекува за време на викендот и почетокот на наредната недела, дополнително ќе ги спушти дневните температури, па во понеделник ќе имаме максимални 10, а во вторник само 7 степени над нулата.
Кога сме кај снегот и долгорочните предвидувања, метеоролозите велат дека најснежно ќе биде во втората половина на декември, но дека снежната покривка нема да се задржи, бидејќи врнежите од снег често ќе преминуваат во дожд, а температурите ќе бидат околу 5 степени максимум, додека утринските нема да одат под 5 степени под нулата.