Во почетокот на наредната недела се очекува да биде уште потопло, кога на места можно е дневната температура да достигне и до 40 степени.
Наредните денови температурите постепено ќе се зголемуваат, а во понеделник ќе достигнат до 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека низ целата држава ќе биде топло, со акцент на југоистокот каде вообичаено има повисоки температури.
Синоптичарите велат дека следната недела ќе биде видно потопла од оваа недела, кога во Куманово температурите се движеа од 33 до 37 степени.