Викендов топло, од понеделник до 40 степени


Во почетокот на наредната недела се очекува да биде уште потопло, кога на места можно е дневната температура да достигне и до 40 степени.toploten bran

Наредните денови температурите постепено ќе се зголемуваат, а во понеделник ќе достигнат до 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи објаснуваат дека низ целата држава ќе биде топло, со акцент на југоистокот каде вообичаено има повисоки температури.

Синоптичарите велат дека следната недела ќе биде видно потопла од оваа недела, кога во Куманово температурите се движеа од 33 до 37 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1