Врнежи од дожд и значително намалување на температурите најавуваат мереоролозите со почетокот на идната недела.
По пријатното сончево и релативно топло време за викендот, од вторник се очекува значително заладување и услови за врнежи од дожд.
За викендот максималните температури ќе сдостигнат до 30 степени, а од вторник, живата во термометарот максимум ќе се искачи до 23 тиот степен.
До недела ќе се задржи претежно сончево време со свежи утра и со пораст на дневната температура. Од недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.