И покрај строгите предупредувања на американската влада дека откривањето на информациите би можеле да предизвикат немири и човечки жртви, Викиликс сепак го објави името на државата која американците масовно ја прислушкуваат.
Документите кои ги дал Сноуден откриваат дека агресивниот американски шпионски програм во дотичната земја, го зголемил надзорот на едно сосема ново ниво и дека се снимаат сите телефонски повици. Но откако весникот „Интерсепт“ одлучија да не го објавуваат името на оваа држава заради наводниот страв дека тоа откритие би предизвикало исклучително негативни и опасни реакции Викиликс жестоко се спротивстави, со коментар дека станува збор за обична цензура и им дадоа рок на весникот сами да го објават, ако не тие ќе го сторат тоа. И го исполнија ветувањето
„Викилис не може да биде судија за цензурата за земјата жртва Х. Во прашање е државата Авганистан.“
Се користел специјален агресивен програм, под назив „МYSTIC“ како што откриваат документите на Едвард Сноуден. Се снимаат скоро сите локални и меѓународни повици на таа држава. Програмот „Мистик“ на НСА следи неколку држави, но во две од нив Бахамите и Авганистан (означена како „држава Х“) се спроведува агресивен надзор во кој сите телефонски разговори се снимаат. „Поблага“ верзија на овој надзор се спроведува во Кенија, Мексико и Филипините каде што се надгледуваат таканаречените „мета“ податоци за раговорите (времето на повикот, траењето, броевите итн.)
Тешко е да се прогнозира, но ова откритие потенцијално би можело во потполност да го реши военото присуство на САД во Авганистан.