Викторија Лоба: Тврдам дека немам никаква поврзаност со скандалот на Скопски Фестивал


Викторија Лоба денескасе изјасни околу обвинувањата дека таа е една од кандидатките за местењето на Скопскиот фестивал… Еве што напиша Лоба во врска со скандалот:

Веќе неколку дена читам портали во врска со измамата на Скопскиот Фестивал. Не давав никаков коментар што се случувало за да не навредам или наклеветам некого беспотребно се до вчера, кога стигнав и јас на ред да бидам инволвирана во сите тие шпекулации.

loba

Никакви информаци не сум добила во врска со гласањето, никој воопшто не ме информирал. Единствените информации што ги добивам се од порталите кои не се проверени и се работи за една класична шпекулација од страна на одредени медиуми.

Јас Викторија Лоба, одговорно тврдам дека немам никаква поврзаност со скандалот на Скопски Фестивал, ниту сум разговарала со било кого на оваа тема, ниту сум знаела дека за мојата композиција некој би можел да се потруди да пушти гласови. Не сум ексклузивец на ничија продукција, работам самостојно.

Добро што конечно е решено да се превземат некои мерки од МВР во врска со местенките на фестивалите во Македонија, но сепак мое мислење е дека треба да се потрудат да копаат подлабоко, да се навратат наназад неколку фестивали и да видат кој ги земал местата, тука да се истражи и да се откријат сите групи кои местеле телеволтинг и жири, за народот точно да сфати како стојат работите.

Јас не спаѓам во нив и смешно е што сега од мене и Димитар Андоновски сакаат да направат жртвени јагниња ни криви ни должни.

Смешно е да се кажува дека некој ме местел, тогаш зошто јас не сум ни прво ни второ, туку шесто место.

viktorija-loba-517b410489ce95aa65ff90c20170594cviewarticle

Тука се крие друга вистина многу по сериозна која со тек на времето ќе се дознае јас нити сум инспектор, нити имам можност да истражувам за жал, затоа не се мешам и чекам информации од надлежните.

На ваков или таков начин со тек на времето се ќе излезе на виделина и виновниците за сите манипулации ќе си ги понесат казните. Мојата совест е чиста и немам болни амбиции према наградите, нити молам нити организирам да ме гласаат мене.

ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ МЕДИУМИ ДА НЕ МИ ГО ВАЛКААТ ИМЕТО СО ПРЕТПОСТАВКИ, КЛЕВЕТИ И ШПЕКУЛАЦИИ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ БИДАТ ПРЕФРЛЕНИ ВО ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ.

Жал ми е што со чисто срце и позитивна енергија решив за прв пат да прифатам учество во до сега по мое мислење најспекталуларен фестивал во Македонија, кој стана и најскандалозен патем, а моето учество успееја да го проследат со незаслужени шпекулации, жално.

Со почит,

Викторија Лоба

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1