Викторија од Долнени- девојката која го слуша гласот на Богородица?


Некои ја озборуваат, некои ја исмејуваат, некои и веруваат… Но дваесет и осумгодишната Викторија Петреска од Долнени е, дефинитивно, личноста за која деновиве сите зборуваат. Таа стана популарна после прилогот објавен на телевизија Сител во која обзнани дека го слуша гласот на Богородица која, меѓу другото, и открила две големи тајни, пишува Вечер.

Дека во прилепскиот регион се наоѓаат гробниците на двајца значајни „владетели”: Крале Марко и извесен француски крал Франко Втори. Бидејќи предизвика остри полемики и судир на мислења, а со желба да ја запознаеме Викторија и автентично да ви ја пренесеме вистинската слика од Прилепско, екипа на Вечер беше во Долнени, а го посети и во Горно Коњари каде што таа тврди дека се наоѓа гробницата на француското кралско семејство.koja-e-viktorija-od-dolneni-189565_thumb_medium500_720

Викторија на прв поглед е сосема обична жена. Таа е посветена сопруга и мајка на три девојчиња. Иако се омажила многу млада, не се жали на животот. Раскажува дека пред шест години сонила чуден сон, но чие значење тогаш не го сфатила.

-Сонив вода со ѕвезди сјајни како од небото. Сонот беше просветлен само не бев свесна што е тоа. Пред осум недели сфатив. Ми се појави ликот на Богородица, ми кажа дека треба да ја слушам, дека треба да одам по стапките нејзини. Ми се појавува и ми кажува што треба да сторам, ни рече Викторија како едвај да чекаше да ја раскаже својата приказна.

Вели дека Богородица ја гледа и како лик на млада жена на нејзини години и ја чувствува како своја заштитничка. Себеси се опишува како гласникот од бога пратен, да ги потсети луѓето дека се оддалечуваат од религијата.

-Ме нарекува гласник на новото доба. Вели, време беше да се појави гласникот што сите го чекаа. Така ме нарекува. Оти, ми вели, луѓево многу застранија од верата, особено оние кои се избрани да ја шират меѓу народот, раскажува Викторија секогаш споменувајќи го гласот што и зборува.

Мораш цело време да бидеш со мене, ми вели гласот и да ме споменуваш. Да не бидеш ми вели, како Јованка Орлеанка која одела во битките и не го споменувала Бог. Стално да го споменуваш господ, раскажува Викторија и не убедува дека она што излегува од нејзината уста не се нејзини зборови туку на Богородица.koja-e-viktorija-od-dolneni-189568_thumb_medium500_752

Дури и кога црта не знае што ќе нацрта или напише се додека гласот не и каже дека цртежот е завршен. Тогаш го гледа вистинското значење на скицата. Ни ги покажа сликите, и додека ни го објаснуваше се радуваше како дете со сликовници.

– Завршив само седмо одделение и никогаш не сум цртала, ниту пак сум учела историја. Имав двојка по ликовно, науката не ме интересираше и не бев некој голем верник. Во црква сум одела само за големи празници, а никогаш не сум ја прочитала Библијата. Сето ова е ново за мене. Некои зборови што излегуваат од мојата уста се нови и за мене, некои не ги разбирам, но полека учам, раскажува Викторија и при тоа не ја симнува блажената насмевка од лицето.

Вели дека е подготвена на сите искушенија кои ќе се исправат пред неа. Дека мора да трпи навреди и омаловажувања, но дека е убедена во тоа што го работи и што и го кажува гласот во неа. А гласот и вели, раскажува нашата домаќинка, дека ќе се случи нешто многу убаво, нешто многу големо што досега светот не го видел. Тоа ќе биде голема придобивка за човештвото. Тогаш, и рекла Богородица, тие што те омаловажувале нема да можат да те погледнат в очи.

Сите од семејството собрани околу неа ја слушаат што зборува. Нејзиниот сопруг малку зачуден од приказните, цело време ја следи на нејзиниот пат.

– Ми вели Викторија, раскажува тој, ова е како на почетокот на христијанството кога многумина пострадале за верата и јас верувам. Свесна е и таа, а и ние со неа дека можеби некои ќе не исмејуваат, ќе ни го жигосаат семејството, но еден ден вистината ќе излезе на површина, вели Никола и додава дека така ги воспитуваат и децата. Да не возвраќаат никому, ниту да коментираат ако некој им пререче нешто.

Викторија раскажува дека и двете кралски гробници кои и ги открила Богородица ги видела на јаве. Тврди дека е сосема свесна кога влегува внатре во ходниците, кога гледа што има внатр

– Во саботата вечерта ми го покажа гробот на Крале Марко. Цртав до два часот ноќта, цело време ме тераше да цртам. Сама раката ми црта, јас само го држам моливот. Не сум свесна што ќе нацртам и кога ќе го видам цртежот гледам и се чудам. Таа е постојано со мене. И сега седам овде и ми кажува што треба да кажам. Таа зборува не јас, раскажува Викторија.

Вели дека влегува во гробницата, точно знае каде е влезот каде излезот и тврди дека не е многу длабоко закопана и дека треба само малку да се копне за да се појави. Раскажува дека самиот објект не е голем, но дека е импозантен ходникот кој води до неа. Имало, вели таа и уште една просторија каде има предмети кои ги користел Крале Марко – боздоганот и круната. Тврди дека откако ќе се откопа гробницата ќе се претвори во многу значаен музеј. Но Викторија исто така вели дека го слуша Крале Марко како тагува бидејќи не почива до неговата сакана која била закопана на Трескавец. „Ми вели, раскажува Викторија, иако сум крал тоа ништо не ми значи. Многу сум високо ама многу сум длабоко притиснат оти сум без мојата сакана”.

Има некоја сакана која цело време ја спомнува и што му е тешко што не е со неа. Цело време во цртежите ја цртам како Ружа. Не знам дали е Ружа или пак така ја нарекува. Тој цело време инсистира моштите да му се пренесат на Трескавец. Ми нацрта и како сака споменикот да изгледа – две споени дланки, неговата и на Ружа, раскажува таа.

Таа е сигурна дека и гробницата на францускиот крал Франк Втори која се наоѓа на приватен посед во селото Горно Коњари ќе биде многу значајна за Македонија, доколку сопствениците дозволат да се ископа. Вели во гробницата има ковчеже со писмо кое треба да се предаде на некој виден претставник на Франција и да се отвори таму, во Франција. Викторија тврди дека на јаве го видела и убиството на кралот.

Иако целосно неука во оваа област, Викторија, повикувајќи се на она што и се прикажува во визиите, максимално е убедена дека станува збор за ретки историски откритија, зад кои таа застанува со целата своја духовна, морална и човечка одговорност. Се надева дека надлежните институции кои веќе ги информирала ќе почнат со истражувањата и дека ќе се потврди нејзиното тврдење дека се работи за вистински вредни сакрални објекти.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1