Вчера во 9 часот во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека на 18.06.2018 година во периодот од 14 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16-годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува.
Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.