Пејачката Весна Змијанац во својата книга “Kad zamirišu jorgovani” открила дека во 80-тите, во само една година изгубила две бебиња, двете во седмиот месец од бременоста.
Весна кажала дека периодот на најголема слава го минала низ вистинска агонија и неопислива душевна болка.
– Нашето прво дете, син, Владо Јовановиќ и јас го изгубивме 1986 г. кога бев во седмиот месец од бременоста. Спонтан абортус се случи на пауза на концертот во Младеновац. Не ми замерувајте што сцената на породување, која започна одеднаш и предвреме се случуваше во гардеробата зад бината а траеше и по пат до Белград, па и неколку минути во болница, не може да се опише и денес. Бидејќи тоа е една од оние болки кои се уште болат, празнина која што уште има иста темнина кога и да се сетам, а се сеќавам често – рекла Весна и додала дека тогаш не ни помислила дека една година подоцна ќе доживее уште поголема болка.
– Во првите неколку недели потоа, додека болката поради загубата беше свежа, сакав да ме снема, да заминам. Се обвинував себе, не барав никаква олеснителна околност, самата на себе си смислував страдања и маки како казна така што во еден момент ја преминав онаа граница која го разделува свесното согледување на фактите од замисленото, малку болни и грешки заклучоци. Не ни помислив дека ме чека истото, дури и полошо. Моето и на Владо второ несудено дете, исто така син во седмиот месец од бременоста, го изгубив по приближно исти околности 1987 г. – објаснила пејачката и напоменала дека на некој начин губењето на бебињата го платила со грешки од младоста.
– Мислам дека преплатив. Мислам јас, а и моите неродени синови – дека што се однесува до нашата крв, данокот е платен. Стварно го платив во целосна цена. Одлучив веќе никогаш на себе да не дозволам било што друго да ми биде поважно од сопствениот мир, здравје и семејство – заклучила Весна, која по овие трауматични искуства го променила начинот на живот, и подоцна ја родила ќерката Николија.