Најновите истражувања кои се спроведени од страна на Светската фондација за истражување на ракот кои се занимавале со поврзаноста на канцерогените болести и исхраната покажуваат дека доколку луѓето сакаат да го намалат ризикот од заболување од рак треба воопшто да не конзумираат производи како салами, паштети, виршли и слично, особено оние кои се сочинети од црвено месо.
Посебно е опасен содиум нитритот, кој го користат производителите за да постигнат одговарачка боја на своите производи и да им изгледаат свежо на купувачите. Содиумот нитрит создава нитросамин кои го поттикнуваат развојот на канцерогени клетки во човечкото тело.