ИКЕА најави нов витруелен каталог со чија помош корисниците ќе бидат во можност да проверат како одредено парче мебел изгледа во реалноста.
Се што треба да направите е да се скенира некои од наведените предмети од каталогот.
Преку 3D апликација која ќе може да се симне од интернет да се слика просторот каде ќе стои мебелот. Aпликацијата ќе биде достапна за сите паметни телефони.
Од компанијата очекуваат дека ќе има голем одзив за овој каталог бидејќи на тој начин купувачите ќе може да видат како одредениот мебел ќе изгледа во нивната соба уште пред да го купат, а со тоа и ќе можат полесно да изберат и комбинираат.