Вистината за најемотивната песна на Цеца: Кому му е посветена и зошто никогаш не ја пее во живо


Цеца Ражнатовиќ пред 12 години ја снимила песната „Neću dugo“, која набрзо станала лична карта за сите жени. Денес по повеќе од деценија, фолк пејачката открива зошто оваа балада никогаш не ја запеала во живо и кому всушност му ја посветила.ceca-raznatovic-place-1380482805-373577

Иако многумина мислеле дека песната „Neću dugo“ всушност е посветена на мажот кој оставил најголема трага во нејзиното срце и живот, вистината е потполно поинаква. Имено, Цеца баладата ја посветила на своите деца, Анастасија и Вељко.

-Тоа е песна која Марина Туцаковиќ ја напиша за мене, а јас им ја посветив на своите деца, но никогаш не сум ја запеала во живо освен на цедето. Публиката на концертите сака да слуша побрзи и подинамични песни, па затоа оваа никогаш не сум ја отпеала во живо, изјавила Цеца, која наскоро треба да објави нов албум, на кој за прв пат пејат и Анастасија Вељко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1