Вистината за потеклото на славниот актер го запрепасти светот


Таткото е личност која е со тебе додека растеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код, остар е Николсон, кој откако дознал која му е вистинската мајка, не сакал да ја истражува вистината за биолошкиот татко.

Како и повеќето холивудски ѕвезди, славниот актер Џек Николсон не сака да зборува за својот приватен живот. Но, тука се луѓето од опкружувањето кои ги откриваат пикантните, лични детали, кои од медиумите не можат да се сокријат.djek nikolson

Една од најчудните приказни од животот на 79 годишниот актер датира од триесеттите години на минатиот век, односно од неговото детство, а се однесува на неговото потекло.

Да почнеме од почеток: Џек е роден 22 април 1937 година, во предградие на Њујорк, а се додека не наполнил една година, никој не ја знаел фамилијарната тајна за потеклото на славниот актер, а самиот Николсон ја открил дури кога имал 37 години.

Жената која целиот свој живот ја сметал за сестра била всушност неговата мајка!

Имено, Џун Франсис Николсон, мајката на Џек, се занимавала со танц во театар и размислувала за блескава кариера. Меѓутоа судбината имала друг план – останала бремена со колегата Доналд Фуцил, а потоа се омажила за него во 1936 година, пишува „Todayifoundout.com”.

Меѓутоа, Џун дознала дека Доналд бил оженет од претходно, па бракот набргу бил поништен а нејзината мајка Етел Николсон ја преземала грижата за штотуку родениот Џек, за Џун да може да продолжи со кариерата. Така актерот од раното детство живеел со уверувањето дека баба му и дедо му се неговите родители, а Џун постарата сестра.

Децении подоцна, популарноста на Џек Николсон растела, а заедно со тоа дошло и “копањето“ по деталите од неговото минато.

„Тоа е цената на славата. Сите почнуваат да копаат по твојот приватен живот и следното што дознаваш е дека твојата сестра е всушност твојата мајка!“ – изјавил актерот во едно интервју.

Иако приказната за неговото потекло е прилично истражена, Џек и понатаму не ја знае целата вистина, бидејќи му недостига еден детаљ – не знае кој е неговиот татко. Кога дознал дека Џун е всушност неговата мајка, а не сестра, Николсон не сакал да дознае кој е неговиот татко.

„Таткото е личност која е со тебе додека растеш, а не некој кој има исти спирали во генетскиот код“ – истакнал актерот, кој одбил ДНК анализа, објаснувајќи дека неговиот дедо секогаш ќе го смета за татко.

Иако Џек не сакал да ја истражува вистината за својот биолошки татко и сето тоа не го интересирало, се појавила верзија дека тоа би можело да биде Еди Кинг, кој бил управник во времето кога Џун работела таму.

Џун починала 1975 година, пред Џек да ја дознае вистината и ја однела во гроб тајната за неговиот татко, а деталите ги раскажала Лорен, жената за која Николсон верувал дека е неговата друга сестра, а всушност била негова тетка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1