По обилните врнежи од дожд и снег кои викендов ја зафатија Македонија, следните денови не очекува стабилно, суво и студено време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во торник температурата ќе се спушти до минус 17 степени. Најстудено ќе биде в среда, за кога се прогнозира минимална температура од минус 21 Целзиусов степен.За денес времето се очекува да биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час.
Од среда се очекува постепено зголемување и стабилизирање на температурата