Вистински борец: боледува од рак, но се смее од срце


Славната актерка Шенон Дорети, која ја обожувавме во улогите во „Маѓеснички“, но и во „Беверли Хилс“, сега уште повеќе ја обожуваме бидејќи е вистински борец и со насмевка му се спротивставува на ракот.

Актерката денеска секојдневно посетува хемотерапија, а сето тоа е многу болно, но таа сепак секое утро го дочекува со насмевка.shenon

-По хемотерапијата, верувам дека движењето навистина помага во процесот на лечење. Не секогаш е лесно, па се случува да има денови кога едноставно сум премногу уморна за да вежбам. Кога вежбам ми циркулира крвта и ми помага да ги исфрлам токсините од организмот. Вежбањето е лек за секоја болест, вели во видео на Инстаграм, актерката.

Таа на Инстаграм постојано објавува фотографии и видеа, се со цел да помогне и на другите кои се лечат од рак, да можат полесно да се справам со болеста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1