Вистинскиот Кристијан Греј: Бил садо-мазо милионер – ја преминал границата и завршил во затвор


30-годишниот Александар Бечер, интелегентен згоден италијански милионер кого светските медиуми го нарекуваат „вистинскиот“ Кристијан Греј, има многу иинтересна животна приказна. Но, не баш филмски и романтичен епилог.

Бечер ја завел преубавата 23-годишна студентка Мартина Левато со настрани садо-мазо игри и ја претворил во лична сексуална робинка, пишува Daily Mail.01-kristijan-grej-italy-4694-11e5-ac0e-632009ba126e

На крајот ја принудил да ги полие со киселина своите поранешни љубовници за да се „прочисти“. Атрактивниот богаташ е оженет со хрватската манекенка Горана Булог, но ја изневерил безброј пати.

Италијанскиот „Греј“ кој гоо стекнал своето богатство на берза, многу брзо ја запознал младата Мартина, врз која имал огромно влијание. Тој инсистирал таа да го нарекува „својот крал“, а таа без приговор ја исполнувала секоја негова наредба.

Левато му дозволила да ѝ ги вреже иницијалите со скалпел на образот за да му ја докаже својата „љубов и доживотна посветеност“.02-grej-italy-42-1

Атрактивната студентка потикнува од многу образовано и угледно семејство. Завршила на Католичкиот Универзитет во Милано со најдобри оценки и запишала Мастер на престижниот Универзитет во Болоња.

Бечер живеел во раскошна вила и иако се оженил со познатата хрватска убавица, не престанувал да има љубовници и често ги посетувал миланските клубови каде што расипнички ги трошел своите пари.

Сепак, за разлика од фиктивниот Кристијан Греј, Бечер имал проблематично минато. Татко му ги напуштил него и неговата мајка додека бил мало дете. На 14 години се обидел да изврши самоубиство.

Бечер и Мартина составиле листа со мажите со кои таа досега била, па дури и само ако се бакнала со нив.grej i zena

Кога почнале да ги напаѓаат нејзините поранешни љубовници, полицијата многу брзо ги контактирала, а во неговата вила пронашла посебна просторија со садо-мазо опрема, камшици, ножеви, скалпели и еротски играчки.

И двајцата за брзо време биле уапсени и обвинети за своите злосторства, а ќе отслужат затворска казна од 14 години.

Судијата за италијанскиот убавец рекол дека е многу поопасен од било кој терорист или мафијаш затоа што има „вакуум во својата душа“.05-grej-italy-42-1

Очајните родители на Мартина за весниците изјавиле дека се` се променило за 180 степени кога нивната ќерка го запознала Бечер. Таа се затворила во свој свет во кој никого не пуштала. Наеднаш ослабела и користела стероиди за да го задоволи со својот изглед.

Психијатрите него го оцениле како „егоцентричен и опасен манипулатор“ кој уживал во садистичката контрола која ја имал над својата жртва, додека на Мартина ѝ дијагностицирале гранично пореметување на личноста06-grej-italy-42-1

Еден од сведоците на судењето била и девојка која учествувала во „тројка“ со Бечер и Мартина. Таа изјавила дека атрактивниот милионер е многу популарен во Милано и дека во клубовите речиси сите го познавале.

„Инсистираше во текот на сексот да го нарекуваме „крал“ и имаше посебно бизарен однос со Мартина“, изјавила девојката.

Левато после целата приказна останала бремена со Александар Бечер и минатата недела родила син во затворот. Социјалните работници веднаш ѝ го одзеле детето на мајката и го одвеле во згрижувачко семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1