Од Гевгелија, автобуси тргнуваат на секои 15-тина минути


На железничката станица се забележува зголемено полициско присуство. Полицајците помагаат и околу комплетирање на потврдите за барање на азил. Специјалната единица на МВР денеска воспостави контрола во градот.migranti voz 33
Дека има ред во транспортот со мигрантите потврдуваат и вработените на железничката станица. Тие велат, нема веќе влегување во воз преку прозорци. Полицајците ги пуштаат да влезат во групи по десетина луѓе, откако прво ќе се уверат дека купиле карта за возење. Оние кои имаат билет за воз, чекаат да пристигне следната композиција. Некои седат на шините, оние кои стигнале први легнале да одморат во чекалната на станицата. Тие пак кои немаат карта за воз, веднаш се упатуваат кон автобуската станица, од каде на секои петнаесетина минути заминува автобус кои ги носи близу северната граница.
Дел се транспортираат и со комбиња, а оние кои можат финансиски да си дозволат се качуваат по 4ца во такси. Едни пристигнуваат, други заминуваат, но она што го оставаат зад себе е купишта ѓубре, расфрлани отпадоци од храна и неподнослива смрдеа со која секојдневно живеат гевгеличани.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1