Вистинско чудо: Дедо преживеал 13 дена под урнатини


Спасувачките служби во Еквадор пронајдоа преживеан 72-годишен маж под урнатините, речиси две недели по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди јужноамериканската земја, соопштија локалните власти.

Екипа спасувачи од Венецуела, која е испратена во помош на еквадорските колеги, го пронашла преживеаниот Мануел Васкес, кој бил заробен под урнатините од земјотресот, во кој пред 13 дена загинаа 660 луѓе, соопшти амбасадата на Венецуела во Кито.zemjotres-ekvador-640x294

Старецот бил спасен откако спасувачите „слушнале звуци во делумно разурнатата зграда“.

Васкес бил примен во болница во дезориентирана и дехидрирана состојба, а лекарите утврдиле дека има проблеми со бубрезите и оти загубил неколку прсти на нозете при потресот со интензитет од 7,8 степени.

Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа најави воведување на повеќе драстични економски мерки, кои имаат за цел да се покрие штетата од земјотресот, која се проценува на три милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1