Вкусно и лесно: Чизкејк во тегла готов за 10 минути


Иако нема чоколадо ова е еден од омилените десерти на многумина. Постојат разни варијанти со различни додатоци кои може да ги менувате и комбинирате, според вашиот вкус.

chesee cake

Црнобело

Доколку очекувате фино друштво, немате многу време за готвење, а не сакате ниту да зафаќате тавчиња тенџериња само за еден десерт, пробајте го експресниот рецепт за чизкејк во тегли.

Состојки:

  • ¼ шолја млеко
  • 2 шолји шумско овошје (може и замрзнато)
  • 225 g крем сирење
  • 1 шолја мелени бисквити
  • 1 лажичка мед
  • Кора од еден лимон
  • Мали теглички (200 ml)

Подготовка:

Измешајте ги медот и крем сирењето, додајте ги изренданата кора лимон и млекото, па повторно измешајте.

Сипете во теглите две лажици од крем сирењето, а потоа додајте 6-7 малини, па на крајот додајте и две лажички мелени бисквити. Повторете ја постапката за да ја наполните тегличката.

Може веднаш да ги послужите и да уживате заедно со пријателите.

Црнобело

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1