Влада: Бремените жени и оние на редовно породилно отсуство остануваат дома


Владата ја информира јавноста дека на вчерашната 4-та седница врз основа на заклучоците на Главниот координативен кризен штаб донесе соодветни одлуки меѓу кои, за враќање на работа и на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.

Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење на редовно породилно отсуство, истите да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи по истекот на породилното отсуство.

Претходно, Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата и тие се ослободуваат од одење на работа.

Една од одлуките на Владата се однесува и на враќање на работните места и вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести и тоа од среда 23 септември. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1