Владата одлучува за евакуација на македонците од Украина


Владата на Република Северна Македонија, денеска, 24.02.2022 година (четврток) ќе ја одржи 17-тата редовна седница.

На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информација за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1