Владата го разгледа Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги на ЈП за водоснабдување “Студенчица” Кичево, за снабдување со сурова вода наменета за населението од Регионалниот водовод Студенчица и донесе одлука да не даде согласност за зголемување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.
Ова се наведува во соопштението од владината прес-служба по завршување на 52 седница.
– Владата на Република Македонија е против одлуката за покачување на цената на водата бидејќи таа паѓа на сметка на крајните корисници, односно граѓаните и донесе заклучок да и препорача на Регулаторната комисија за енерегетика да ја преиспита својата одлука за одобрување на покачување на цената на водата, а ЈП Студенчица да направи нова анализа за барањето за корекција на цената на водата, стои во соопштението