Донев разрешен без да ги врати парите за скапиот авиобилет – ги уплатил за соба за лица со посебни потреби


Владата го разреши Александар Донев, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, без да ги врати парите за скапиот авионски билет.

Во соопштението од владината прес-служба се наведува дека Донев се разрешува заради невнимателно и несовесно работење.

„Решив тие 40.000 денари, колку што изнесува разликата меѓу билет во бизнис-класа и билет во економска класа, да ги уплатам за опремување соба за лица со посебни потреби, а уплатата сè уште не е реализирана оти Министерството не ми испрати спецификација за тоа што сè ќе има таму. Со 40.000 денари не може да се опреми цела соба, па од спецификацијата зависи за што конкретно ќе ги уплатам средствата“, изјави Донев за „Макфакс“.

 

Јавноста пред две месеца му забележи оти на службено патување во Буенос Аирес, Аргентина, наместо во економска класа, летал со бизнис-класа, каде што билетот е 30 отсто поскап. Тој објасни дека билетот во економска класа чинел околу 180.000 денари, а во бизнис-класа околу 220.000 денари и најави дека ќе врати 40.000 денари колку што изнесува разликата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1