Владата дели пари – нов оглас за самовработување денес


Невработените со идеја за бизнис ќе може да аплциираат за грант за самовработување. Првиот од двата огласи кои годинава ќе бидат распишани за оваа мерка излегува ДЕНЕС.

Преку проектот планирано е да се поддржи отварањето на 920 фирми и да се креираат околу 1000 нови работни места во економијата.rabota2

Според очекувањата на агенцијата за вработување, преку огласот, кој ќе трае до 29 јануари, би требало да се привлечат доволно кандидати за доделување на половина од планираните грантови во вредност од 3200 евра.

– Ова претставува извонредна можност за отварање на бизнис преку добивање на неповратни средства од владата и заинтересираните може да се подготват за аплициирање, како и да се пријават во агенцијата за вработување за да бидат евидентирани како невработени што е услов за добивање на грантот, рече портпаролот на владата, Александар Ѓоргиев.

Со цел мерката да биде поуспешна годинава 1500 најдобри кандидати прво ќе добијат обука, а потоа ќе аплицираат со својата бизнис идеја.

Зависно од оценката на бизнис планот предивдено е во некои случаи да се одобри грант за вработување на уште едно лице, а за идеите со најголем потенција вкупната поддршка достига 5600 евра.

Грантот за самовработување се состои во опрема, материјали за работа, менторство и помош за изработка на бизнис план.

Програмата се спроведува повеќе години и преку неа се отворени над 7600 фирми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1