Владата го вработила – работа му е да спие со ПРОСТИТУТКИ, му даваат и пари за тоа


Тој има 60 години и разведен е, а заработува за живот така што спие со проститутки. Всушност, главно повеќе станува збор за „рачна работа“, објаснил мажот под псевдоним Џон за „Индепендент”. Тој е еден од приватните детективи ангажирани од страна на австралиската влада кои се преправаат дека се муштерии и така ги разоткриваат илегалните бордели.

„Сигурен сум дека многу мажи би ми завиделе кога би дознале како ги заработувам парите“, одговорил Џон на прашањето дали е добра работата.

„Секако! Станува збор за многу добра работа!“399601-seks

Неговата работа е неопходно бидејќи властите без налог за претрес немаат пристап до ваквите локали, па поради тоа е многу тешко да се открие дали некој салон за масажа или салон за убавина е, всушност, бордел.

И, тука на ред доаѓа Џон кој на полицијата ѝ носи многу сликовити детали за услугите коишто таму се нудат. Извештаите што ги исполнува имаат и по три страници, а вклучуваат точни дати, време, луѓе, места, потоа кој, кога, како, колку и на кој начин.

– Тоа е документ кој ќе се користи на суд и затоа мора да биде мошне детален и точен. Тоа не е нешто што можете да го напишете за неколку минути – објаснил Џон.

Но, често тие салони се вистински фронтови.

„Ако добро погледнете, во таквите салони некаде ќе пронајдете известување дека не нудат сексуални услуги. Но, во текот на целата кариера, само три пати налетав на салон во кој, после некое време, не ми беше понудена малку екстра забава.“

Џон вели дека некои салони нудат секс, кој тој љубезно ги прифаќа, но често станува збор само за „рачна работа“. Бидејќи, како што вели, вработените сакаат само што побрзо да завршат со тоа и да продолжат понатаму.

Директорот на приватната истражувачка фирма, Лачлан Џарвис, ја организира оваа шпионска операција.

– Преферираме луѓе кои се самци и кои се подготвени да се впуштат во сексуална активност – рекол Џарвис.

„Не ме чуди што некои луѓе велат дека трошењето на пари на граѓаните на проститутки е скандалозно, но тие не разбираат дека ние на овој начин, меѓу другото, ја спречуваме и трговијата со луѓе“.

Џон себеси се смета за среќник, бидејќи неговата работа е мошне пријатна и флексибилна.

– Тоа не е типична канцелариска работа од 9 до 17 часот, од понеделник до петок. Нема временски ограничувања и нема опасни ситуации – рекол Џон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1