Владата ќе ги плаќа калориметрите за радијаторите кај домаќинствата


Граѓаните нема да плаќаат за мерачите за топлинска енергија, тврди вицепремиерот Анѓушев. Според него државата ќе најде пари за инвестицијата, преку фондови или преку буџетот и домаќинствата нема да имаат дополнителни трошоци. Ги искара експертите да не ја вознемируваат јавноста.

– Ќе направиме сè тоа да не биде на товар на граѓаните. Мерачите се потребни за да биде јасно кој колку потрошил и кој колку треба да плати, односно да се заштитат граѓаните да не го плаќаат тоа што не го потрошиле. Ќе бидат вградени во сите објекти до почетокот на 2019 година кога се очекува новиот закон за енергетика да функционира со стие подзаконски акти. Сите промени во законот се исклучително во интерес на граѓаните и ако неговиот текст е добар за сите граѓани на ЕУ и е создаван во период од 50 години не гледам зошто би бил лош за македонските граѓани – рече Анѓушев.

Но вицепремиерот Анѓушев минатата недела на телевизиска емисија имаше сосема друг став. Тогаш рече дека сите граѓани ќе треба да стават мерачи без разлика дали тоа ќе го платат самите или компанијата трошокот ќе им го пресмета преку сметките за парно. Домаќинствата единствено сами ќе изберат од кого ќе земат мерачи.

Експертот кој ги откри измените кои се планираат во доменот на централното греење и повторно посочи дека предлог законот мора да се смени. Со постоечкиот, трошокот за мерачите ќе треба да го платат граѓаните, а мерните инструменти би требало да бидат обврска на снабдувачите како што е кај операторите со струја и гас.

Инаку еден мерач чини околу 50 евра. Со него граѓаните ќе плаќаат за парно греење колку што потрошиле, а не по квадратура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1