Седница на Владата на Република Македонија: Финансиска помош за семејството Зулбеари, кое во пожар на семејната куќа ги загуби мајката и четири малолетни деца
Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република Македонија денеска, ја свика 51-та седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош.
Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија.