Владата предлага СЈО да добие проширени надлежности и неограничен мандат


Со новиот предлог закон се зголемуваат надлежностите на СЈО. Освен кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на прислушуваните разговори, специјалното обвинителство ќе може да гони и претставници на највисоките државни органи без за ниов да поседува таканаречени бомби. Истовремено, се укинува и рокот за поднесување на обвиненија.

Со предложените измени на членот 11 од Законот, Специјалниот јавен обвинител во иднина ќе може да гони:

Кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје, предвидуваат законските измени.

Доколку постојат дела кои се сторени во врска со постапки кои ги води СЈО, ќе се гонат и вооружените сили. СЈО ќе има надлежност да кони од по член од кривичниот законик во вртска со давњето на лажен исказ, незаконито влијание на сведоци, како и спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Предлог измените на законот се веќе објавени на веб страницата мна министерството за правда. Сер очекува наскоро тие да се најдат на дебата пред пратениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1