Мицковски обвинува за полициски упад во домовите на 15 партиски активисти – МВР негира политички контекст


Полициски специјалци заплашуваат учесници на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, тврди лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Во статус на фејсбук тој пишува дека во изминатиот период, вооружени специјалци на МВР влегле во домовите на 15-тина партиски активисти и правеле претрес.

„Министерот за прогон и тортура Спасовски со политички контролираниот дел од полицијата (значи не оние чесни полицајци кои работат за плата,туку оние на кои им се делат политички задачи), минатата недела упаднаа во домовите на петнаесетина активисти и отворени поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, значи не поранешни или актуелни функционери, туку обични, лојални членови на партијата, кои отворено застанаа против црното владеење на Заев и СДСМ незадоволни од она што се случува во нашата држава“, напиша Мицкоски.

Министерството за внатрешни ги отфрли ваквите тврдења нарекувајќи ги дезинформации. Во демантот МВР пишува дека полицијата работи професионално и ги почитува законите..

„Согласно законските надлежности се преземаат различни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви туку исклучиво за санкционирање на одредено криминално делување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период, се со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, се вели во демантот на МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1