Владата прогласи кризна состојба, Бектеши тврди дека нема да има рестрикции, но уредбата предвидува и таква мерка


Владата прогласи енергетска кризна состојба во времетраење од 30 дена. Со оваа постапка ќе може финансиски да ги помогне компаниите – ЕСМ и МЕПСО. Но наместо со 100 милиони од Ковид мерките, проблемите со струјата ќе се решаваат со 65 милиони евра буџетски пари. Министерот Бектеши уште еднаш потенцира дека рестрикции нема да има.

Иако не прецизираше кој е одговорен за оваа состојба, Бектеши посочи дека го задолжил Управниот одбор на ЕСМ да утврди дали има одговорност во работењето на одредени кадри во компанијата. Посочи и дека на владина седница не се разгледувала евентуална оставка на директорот на ЕСМ, Ковачевски.

И додека се чека да пристигне јагленот за ТЕЦ Осломеј кој најверојатно со работа ќе почне од декември и за РЕК Битола, ЕСМ деновиве постојано набавува електирчна енергија. Сметката за само три дена достигна 9 милиони евра. Последната набавка од од 2,5 милиони евра е направена денеска. Сите овие количини ќе бидат доволни до 21 ноември. Бектеши посочи дека се превземаат мерки за да не се соочат граѓаните со големи ценовни шокови по Нова Година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1