Владата ветува дека ќе го намали загадувањето на 50 %


Владата има план како за две години да го намали загадувањето на воздухот за 50%.

Деценискиот проблем со екстремното аерозагадување конечно го запали црвеното светло кај институциите. Со 2 годишен амбициозен план Владата ветува дека ќе го намали аерозагадувањето за 50% во главниот град и од 30 до 50% во другите градови. Акцент се става на домашното затоплување, кое го лоцираат како еден од факторите кои високо котираат на листата -најголеми загадувачи.

Освен ова надлежните ветуваат дека преку мониторниг, инспекции, јавни кампањи и законски измени – паралелно ќе работат и на другите сектори кои ја дополнуваат листата загадувачи како транспортот, индустријата, градежништвто. Ветуваат и новости во управувањето со отпадот.

Освен парите од надлежните министерства, за прв пат има и посебен фонд од 1,5 милиони евра – средства кои ќе бидат користени за овие активности. Владата е уверена дека буџетот е доволен. Велат најважно е да се промени стратегијата на делување.

Има решенија во светот кои се со многу пари, но не направиле ништо, исто и кај нас. Со многу пари се загадил воздухот, ние со малку пари ќе успееме да го исчистиме. Јани Макрадули.

Првите активности ќе бидат – замена на нееколошките извори за затоплување во јавните институции, како градинките и училиштата, а на почетокот од следната година ќе се набават и комплетно нови инструменти за сите станици за мерење на квалитетот на воздухот. Планот за чист воздух од вчера е во функција.

Инаку од годишниот буџет кој изнесува 3,4 милијарди евра, за ставката животна средина отпаѓаат 0,4отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1