Владе Дивац итно опериран во Белград


Легендата на југословенската кошарка, актуелниот претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дивац е итно опериран во Белград, по што според лекарите се наоѓа во стабилна состојба.

Vlade-Divac-624x414Дивац е примен во болницата по силни болки во пределот на стомакот, а итната операција била направена од шефот на медицинскиот тим на Олимпискиот тим на Србија, др. Драган Радовановиќ.

Операцијата беше долга и сложена. Владе Дивац се разбуди по интервенцијата и се наоѓа надвор од животна опасност. Ќе продолжиме да го следиме неговото здравје во следниот период, но сега не можам да ви кажам, почитувајќи ги неговите желби, за што се работи“ – рече по операцијата др. Радовановиќ.

Причина за операцијата на Дивац било воспаление на жолчната кеса. Жолчната кеса му е отстранета и сега пред Владе е период на закрепнување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1