Владиката Агатангел ќе учествува но нема да го предводи протестот за одбрана на името


Владиката Агатангел нема да го предводи вечерашниот протест за одбрана на државата и идентитетот на нацијата. Иако шесте патриотски здруженија најавија дека на чело на протестниот марш ќе застане тој, повардарскиот митрополит Агатангел за „Макфакс“ вели дека ќе биде учесник, но не и предвоник.

Протестот ќе започне во 18 часот пред ЕУ инфо-центарот, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието. Тие имаат барање да се стави крај на преговорите за името со Грција, повлекување на законот за јазиците, поништување на договорот со Бугарија, како и ослободување на притоврените за настаните во Собранието на 27 април.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1