Предлогот за новиот владин состав утре влегува во Собрание. Според информациите од ДУИ Ахмети успеал да ги разреши внатрепартиските несогласувања за предложените кадри, со што се отвора патот мандатарот Заев да го достави списокот на новите министри до законодавниот дом.
Пратеникот Изет Меџити кои последните денови беше еден од најголемите противници на кадрите во новиот кабинет, денеска потврди дека сепак ќе даде поддршка за негово изгласување. И покрај неговите лични забелешки вели дека последниот збор за ова прашање го има партискиот лидер.
- ДУИ е партија со традиција каде се развива дебатата внатре во самата партија. Јас ги имам моите забелешки за дел од екзекутивот. Сме дебатирале длабоко и тогаш кога се абсорбира дебатата за мене последниот збор е тој на претседателот на партијата. Не сакам јас да придонесувам за рушење на една влада која ја има добиено поддршката на нашите меѓународни партнери. Во демократијата е вредност да се бориш за твоите ставови, но победува мнозинството. Јас ќе гласам за новата Влада, изјави Изет Меџити.
Со сличен став дека се работи за демократска процедура која нема да го доведе во прашање изгласувањето на новата влада е и неговиот сопартиец Арбен Зибери чија поддрпа беше доведена во прашање откако стана јасно дека неговиот чичко Насер Зибери нема да биде прв премиер Албанец.
Аке се тече според најавите Македонија може да ја добие новата 13-та по ред влада уште овој викенд.
Владиниот кабинет кој во следните 4 години ќе го предводи лидерот на СДСМ Зоран Заев брои 19 министри откако се укинаа речиси сите министерства без ресор. На почетокот на следната недела се очекува новите министри да ги преземат функциите.