Владо Бучковски специјален претставник на Владата за односи со Бугарија


Поранешниот премиер Бучковски е нов специјален преставник за односи со Бугарија. Неговиот мандат ќе трае една година мандат и неговата мисија ќе биде да ги реафирмира релациите меѓу двете земји. За Сител вели дека за таа цел ќе биде повеќе во Софија отколку во Скопје.

Бучковски потврдува дека се клучни наредниве десет дена, но и дека ќе треба подолг период за да се подобрат односите меѓу двете старни и да се врати довербата.

Од Владата уверуваат дека до 18 декември се уште има шанси да се добие зелено светло од Унијата за почеток на прегворите. Сепак амбасадорите на Унијата не постигнаа согласност за почеток на преговорите со Македонија. Во нацрт заклучоците се вели дека земјава ќе може да стартува со првата меѓувладина конференција дури откако се реши спорот со Бугарија. Истите заклучоци треба да бидат усвоени и од министрите за европски прашања наредната недела. Ваквиот развој на настаните ги загрижи и грчките политички и медиумски кругови, кои предупредуваат дека тензиите на релација Софија-Скопје можат да предизвикаат проблеми и во југоисточното крило на НАТО сојузот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1