Деновиве во домашните музички кругови почнаа да се шират гласини дека Владо Јаневски после концертот во Скопје наводно ги спакувал куферите и ја напуштил Македонија упатувајќи се кон Флорида во Америка, пишува ХИТ портал.
Како што се зборува, причините за тоа се љубовни. Неговата избраничка живее на Флорида.
Години наназад еден од најпопуларните пејачи од забавното естрадно музичко небо, Владо Јаневски, успешно ја сокрива приватноста и неговиот љубовен живот.
Медиумите досега му „местеа“ девојки како Викторија Лоба и фолкерката Ани Малинокова, но и тогаш информациите останаа само како неточни шпекулации, а вистинската љубена на чаирскиот романтичар остана во тајност.
Деновиве во домашните музички кругови почнаа да се шират гласини дека Владо после концертот наводно ги спакувал куферите и ја напуштил Македонија упатувајќи се кон Флорида во Америка. Како што се зборува, причините за тоа се ни повеќе ни помалку туку љубовни, а Владо планира да остане таму и приоритет да му даде на љубовниот живот.
Неговата избраничка живее на Флорида, а дали планира и венчавка е се уште непознато.
Последен пат кога медиумите пишуваа за неговите наводни љубовни врски, тој се огласи на официјалната фан страница на Фесјбук и ги демантираше, а дали овојпат ќе се огласи од Америка, останува да видиме.