Влатко Стефановски му се довери на Женски магазин за загубата на сопругата Гордана


Изминатиов период ми беше многу тежок. Пред една ипол година син ми доживеа сообраќајна несреќа и се повреди многу страшно. За жал, пред три месеци почина мојата сакана, драга сопруга со која што поминав триесет и пет години. Тоа е една огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам и некои од моите проблеми.

Zagreb, 7. lipnja 2013., Green Gold – Otvorenje Animaseda centra.
Vlatko Stefanovski i supruga Gordana
Photo: Robert Gaspert

Ова го изјави Влатко Стефановски во ексклузивното интервју за Женски магазин.

Тој вчера го најави и својот концерт на 17 март во Македонската филхармонија, на кој ќе го промовира новиот албум „Мајчин јазик“, кој лани за регионот го издаде „Кроација рекордс“ од Загреб.

За специјални гости се најавени етно-составот „Љубојна“ и српската етно-дива Биља Крстиќ, а концертот го организира „Баги комуникации“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1