Најголемиот број од влажните марамчиња и лосионите и млеката за хигиена на бебињата се потенцијално опасни, предупреди денеска француското здружение за заштита на потрошувачите УФЦ-Ке Шуазир, јави дописникот на МИА од Париз
Од вкупно тестираните 34 различни производи за хигиена на бебиња, 26 различни марки на марамчиња и шест на лосиони/млека за хигиена, се покажале дека се затруени со молекули кои предизвикуваат алергија, антибактерии или антиоксидант „токсични, а некои од предизвикуваат и ендокрини нарушувања“, вели здружението.
Според здружението за заштита на потрошувачите, 94 отсто од тестираните производи се „потенцијално опасни“.
Во исто време здружението ги повикува родителите да бидат недоверливи кон козметичките производи и да користат многу повеќе сапун и вода. Во исто време е побарано од Европската комисија да ги направи уште построги правилниците за овој вид на производи.